Дома Трансфер зона Ѕвездата на Баерн побара трансфер

Ѕвездата на Баерн побара трансфер

Стоперот сака нов предизвик, но ни потенцијалните купувачи не покажуваат премногу ентузијазам. Дали решението е враќање во ПЛ?

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жером Боатенг сака да го напушти Баерн. Германскиот репрезентативец има 29 години, вели дека бара нов предизвик, но изгледа дека тешко е да успее во својата намера да се пресели во Реал.

Баварците би можеле да го продадат, но во Мадрид оладија, на Зидан не му е потребна замена за Пепе, ќе го форсира Валехо Лопез како замена за Варан и Рамос.

Поради тоа, Боатенг гледа кон Англија, каде што не се прослави во авантурата во Сити. Сепак, тој беше повреден и одигра само 16 натпревари за Сити, па на крајот се врати во Германија.

Сега е актуелен Челси кој бара стопер, неговото искуство би му значело на Конте, но ќе видиме како ќе се одврзе приказната. Боатенг е доведен и во врска со Рома, но тешко дека „Волчицата“ би можела да си го дозволи неговиот трансфер и неговата плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…