Во последно време најмногу се шпекулира за трансфер ѕвездата на ПСЖ, Марко Верати во Барселона.
Како што пренесува шпанскиот весник Спорт, Верати конечно рекол „ДА“ на каталонскиот клуб.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Верати пред неколку дена одморал на Ибица, а со оглед на тоа што во тоа време се појави во истиот ресторан во кој престојувал и Меси, странските медиуми веднаш започнаа да пишуваат дека Меси го убедил Италијанецот да потпише за Барса.
Според истиот извор, трансферот ќе биде тежок 100 милиони евра.
Марко Верати во ПСЖ пристигна летото 2012.година, а минатата сезона одигра 28 натпревари во Лига 1 и постигна три гола со пет асистенции.