Новата сезона во Бундеслигата официјално ќе биде отворена на 18. септември.
Од поодамна во Германија се зборува за можноста да се вратат навивачите на стадионите, а многу зависи од епидемиолошката ситуација и локалните и државните власти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денес пристигнуваат вести дека градот Лајпциг дал дозвола за присуство на значаен број навивачи во натпреварот од првото коло помеѓу Лајпциг и Мајнц.
Лајпциг денес соопшти дека добиле дозвола да присуствуваат 8.500 навивачи за првиот натпревар во сезоната. Таа бројка е 20% од „Лајпциг Арената“ која има капацитет од 42.000 навивачи.