Eрлинг Халанд и покрај одличната сезона сепак беше самокритичен.
Норвешкото чудо од дете во сезоната 2019/20 како 19 годишник постигна 44 гола на 40 натпревари. Халанд играше одлично и во Салзбург во првата половина и во Борусија Дортмунд во вториот дел од сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рушеше рекорди стана првиот тинејџер кој постигнал гол во пет натпревари во низа во Лигата на шампионите и само вториот тинејџер кој пистигнал 10 гола во ова натпреварување во една сезона. Со трансферот во Борусија влезе во историја како првиот играч кој во првите два натпревари постигнал пет голови, до таа бројка дојде за само 56 минути поминати на теренот.
Сепак чудесните бројки не го кренаа до „небо“ па беше и самокритичен.
„Замислете колку подобро можеше да биде. Замислете да постигнев уште 10-15 голови повеќе колку и што требаше. Погледнете наназад колку прилики промашив ќе видите дека е така“, изјави Халанд.