Дома Трансфер зона Дали оваа понуда е причина за одлуката на Донарума?!

Дали оваа понуда е причина за одлуката на Донарума?!

Младиот голман на Милан, најверојатно ќе го напушти клубот од Милано ова лето, бидејќи тој одби да го продолжи договорот.

Италијанскиот клуб денес соопшти разочарувачки вести за навивачите на овој клуб, Џанлуиџи Донарума нема да го продолжи договорот иако му беше понудена плата од 4.5 милиони евра годишни, плус дополнителни бонуси.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Договорот кој сега е на сила го обврзува Донарума да остане уште една сезона во Милан, а продажбата е најдобра опција доколку „Росонерите“ сакаат да заработат од неговиот трансфер.

Реал Мадрид е клубот кој најмногу се поврзуваше со талентираниот чувар на мрежата. „Галактикосите“ му понудија договор според кој Донарума би заработувал шест милиони евра годишни, што е понуда која тешко се одбива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …