Англискиот премиерлигаш Евертон испрати понуда до Милан за Мбаје Нинаг, пренесуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Нианг изминатите шест месеци настапуваше во Вафорд како позајмен фудбалер од Милан, па сега постои шанса трајно да остане во Премиер лигата.
Имено, тренерот на „карамелите“ Роналд Куман смета дека Французинот ќе биде идеално засилување за неговиот тим па испрати понуда до Милан.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Евертон е спремен да плати 18 милиони евра, а Милан најверојатно ќе ја прифати понудата бидејќи Нианг не е во плановите на Монтела за следната сезона.
Постои шанса двата клуба да направат и трампа за Жерар Делуфеу, доколку Барселона не ја активира клаузулата за да го врати на „Камп Ноу“.