Дома Трансфер зона Милан не се шегува: Испрати „непристојна“ понуда за Белоти!

Милан не се шегува: Испрати „непристојна“ понуда за Белоти!

Милан е еден од најактивните клубови во летниот преоден рок. До сега „росонерите“ донесоа четири засилувања за кои потрошија околу 100 милиони евра, но и понатаму трагаат по напаѓач од екстра класа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан не се откажува од Андреа Белоти и покрај фактот што веќе го добедоа Андре Силва, па повторно седнале на преговарачка маса со Торино.

Имено, вчера раководството на Милан имаше средба со спортскиот директор на Торино, Петраки и му презентираше „непристојна“ понуда за „Петелот“.

На состанокот, Фасоне и Мирабели го известиле својот колега Петраки дека Милан е подготвен да плати 80 милиони евра за Андреа Белоти, сума која е блиску до откупната клаузула од 100 милиони евра која важи само за клубови од странство.

Планот на „росонерите“ е да го донесат „Петелот“ на позајмица за која ќе платат 20 милиони евра веднаш, а следното лето да бидат обврзани во целост да го купат напаѓачот за додатни 60 милиони евра.

Белоти е навивач на Милан и сонува за преселба на „Сан Сиро“, па тоа е адут на „росонерите“ во преговорите бидејќи самиот играч инсистира да го облече црвено-црниот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…