Дома Трансфер зона Преговорите започнале: Сити на Меси му нуди двегодишен договор, Аргентинецот имал еден услов

Преговорите започнале: Сити на Меси му нуди двегодишен договор, Аргентинецот имал еден услов

После две децении Лионел Меси ќе ја напушти Барселона, ова е веќе извесно со оглед на тоа што потврди доаѓаат од сите страни од Каталонија. Во овој момент како фаворит за неговиот потпис се споменува Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што тврди каталонското радио (РАЦ1), Феран Сориано започнал преговори со Меси и неговите луѓе и веќе му е понуден договор.

Наводно Сити на Аргентинецот му нуди договор на две години и неговата вредноста засега не е познати, а Меси пред раководството на „граѓаните“ поставил едно барање.

Меси сака Пеп Гвардиола да остане тренер на Сити додека тој е во клубот. Договорот на Пеп истакува наредното лето и ова всушност е барање на Меси да се продолжи договорот на Гвардиола.

Очигледно Меси е цврсто решен да замине, а ќе видиме дали Сити ќе биде неговата наредна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…