Вчера се појавија информации дека Лионел Меси донел одлука и ја известил управата на Барселона дека сака да го напушти клубот.
И претходно се шпекулираше дека Меси може да замиен, меѓутоа сега ситуацијата е далеку посериозна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Сити е помеѓу клубовите кои се споменуваат како можна нова дестинација на Аргентинецот. Дел од шпанските медиуми дури и пишуваа дека Меси веќе разговарал со Гвардиола за можниот трансфер во Манчестер Сити.
Не е ова целосно нова приказна, новинарите го прашаа Пеп за можниот трансфер во Сити и во февруари тогаш Гвардиола беше сигурен дека Меси ќе остане во Барселона дури и додаде дека тоа е негова желба. Тогаш и изгледаше дека тоа ќе се случи, денес не.
„Тој е играч на Барселона, таму и ќе остане. Тоа е моја желба“, беа зборовите на Пеп тогаш.
When Guardiola was asked about Messi in February ? pic.twitter.com/oTIqRWsT6e
— ESPN FC (@ESPNFC) August 26, 2020