Дома Топ вести Вечера од 300 милиони: Меси на Ибица „го договара“ Верати!

Вечера од 300 милиони: Меси на Ибица „го договара“ Верати!

Познато е дека Меси во Барселона е „повеќе од играч“ и дека често се прашува за мислење околку доведувањето на нови играчи, а често и тој самиот им предлага играчи на раководството.

Синоќа на Ибица, каде што Меси се наоѓа на одмор, беше на вечера со Марко Верати, одличниот 24-годишен плејмејкер на ПСЖ, кој после 5 години во Париз изрази желба да ја промени средината, бидејќи неговата цел е да игра во клуб кој ќе има поголеми шанси за освојување на ЛШ.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Најсилен интерес за Верати покажува токму Барселона, која е спремна да плати дури 100 милиони евра за да го донесе Италијанецот на „Камп Ноу“, бидејќи во него гледа идеална замена за Андрес Иниеста.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Меси синоќа бил на вечера со Верати во Ибица, а Италијанецот му потврдил дека негова желба е да се пресели на „Камп Ноу“.

ПСЖ се противи и не сака да го пушти Верати, но голема е веројатноста овие двајца фудбалери од следната сезона да играат заедно во Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историски момент во НБА: Леброн си ја исполни големата желба

Леброн Џејмс изминатата вечер го оствари она за кое што сонуваше во текот на целата кариер…