Барселона вечерва може да остане без претседател.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Откако Меси му соопшти на клубот дека сака да замине, претседателот Бартомеу повика на итен состанок со управата.
На тој состанок дел од директорите поднеле оставки, додека останатите потпишале недоверба за својот актуелен претседател.
После ова, како што пренесуваат шпанските медиуми, но и БиБиСи, Бартомеу понудил да се повлече од позицијата, но под еден услов.
Тој услов е Меси да ја промени својата одлука, односно да остане во Барселона и следната сезона. Се чини дека Бартомеу на крајот сака да замине добротворно.