Дома Топ вести Челзи понуди 50 милиони, Наполи само се насмеа!

Челзи понуди 50 милиони, Наполи само се насмеа!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи е силно заинтересиран за ѕвездата на Наполи, Лоренцо Инсиње и дека спремил понуда од 50 милиони евра.

Агентот на Инсиње, Франко дела Моника потврди дека актуелниот англиски шампион е заинтересиран и дека понудил 50 милиони евра за неговиот клиент, но Италијанецот ќе остене во Наполи.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Би рекол дека сумата која ја наведоа англиските медиуми е премногу ниска. Инсиње е на мета на многу клубови. Меѓутоа, негов приоритет е да остане во Наполи и да биде важна фигура во тој клуб. Моментално е среќен во Наполи и сигурно ќе остане“, изјави неговиот агент.

Инсиње минатата сезона постигна 18 голови во Серија А, а менаџерот на Челзи, Антонио Конте е голем симпатизер на неговите квалитети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јане Николовски повеќе не е тренер на Победа

Eкипата на Победа остана без тренер откако беше потврдено дека Јане Николовски повеќе нема…