Дома Фудбал Лига на шампиони Барса сепак не треба да му плати на Ливерпул пет милиони евра?

Барса сепак не треба да му плати на Ливерпул пет милиони евра?

По освојувањето на титулата на Баерн Минхен една од вестите која најмногу се врти низ медиумите е дека Барселона ќе треба да му исплати пет милиони евра на Ливерпул поради клазула во договорот на Кутињо.

Кутињо е на позајмица во Баерн од Барселона и ја освои Лигата на шампионите, а токму таква клазула имало во договорот помеѓу Барса и Ливерпул. Баерн пак за позајмицата се договорил со Барселона клазулите да бидат обврска на Барселона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сепак, сега „Мундо Депортиво“ излезе со објава дека станува збор за лажна вест. Каталонскиот медиум повикувајќи се извори блиски на Барселона пишува дека во договорот на Кутињо не постои таква клазула, туку само клазула ако Барселона со Кутињо ја освои ЛШ, а не Кутињо со друг тим.

Останува да се види што е вистината, а тоа би требало да се дознае со огласување на некоја од страните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Почина поранешен фудбалер на Наполи – бил претепан од полицијата!

Поранешниот младински фудбалер на Наполи и подоцна афирмиран диџеј, Микеле Ношкезе, трагич…