Кингсли Коман вчера го постигна одлучувачкиот гол во победата на Баерн против ПСЖ во финалето од Лигата на шампионите.
Со ова Коман ја збогати неговата колекција на трофеи која за еден 24 годишник изгледа и тоа како импресивно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На почетоците од неговата кариера беше во ПСЖ каде што не добиваше премногу шанса за докажување, но стигна до две шампионски титули во Франција, еден Лига Куп и еден Суперкуп на Франција. По ПСЖ се пресели во Јувентус. И тука ситуацијата на Коман беше слична повторно не беше во прв пан, меѓутоа освојуваше трофеи. Со „старата дама“ се закити со две „Скудета,“ еден Куп на Италија и еден Суперкуп.
Најмногу трофеи собра со Баерн каде што го игра и најдобриот фудбал. Пет шампионски титули во Германија, четири национални купа, три Суперкупа и од вчера една Лига на шампиони.
Кога ќе се собрет сите трофеи се доаѓа до бројка од 20 трофеи. 20 трофеи на 24 години – ИМПРЕСИВНО!