Дома Фудбал Лига на шампиони Меси по дебаклот одбил да му го даде дресот на Дејвис ?

Меси по дебаклот одбил да му го даде дресот на Дејвис ?

Алфонсо Дејвис е откритие на сезоната во Лигата на шампионите. Вчера против Лион повторно беше на ниво и даде свој допринос во пласманот во финалето на германскиот шампион.

Ако против Лион беше на ниво тогаш против Барселона беше димензија повисоко за противничките играчи бидејќи играше фантастично во победата од 8:2.

Во изјавата после победата над Лион Дејвис откри дека откако ја победиле Барселона го побарал дресот на Меси, но не го добил.

„Го барав, но мислам дека беше малку вознемирен и се надевам дека ќе добијам некоја друга прилика“, изјави Дејвис.

Сепак, треба да се спомене и дека УЕФА поради ситуацијата со коронавирусот забрани фудбалерите да ги разменуваат дресовите после натпреварот, па овој потег на Меси може и да се оправда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Причината поради која Габриел го напушта Јунајтед ќе ги заболи сите навивачи: Тоа не се простува

Во последните десетина дена, една од главните фудбалски приказни е младиот 15-годишен фудб…