Дома Трансфер зона Интер тргнува по ѕвездата од Бундес лигата!

Интер тргнува по ѕвездата од Бундес лигата!

Милански Интер е заинтересиран за еден од најперспективните фудбалери во Бундес лигата и ѕвзда на Лајпциг, Наби Кеита.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 22-годишен играч за врска експлодираше оваа сезона во Бундес лигата, постигна осум гола и запиша седум асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се Ливерпул.

Претставници на „нероаѕурите“ ќе патуваат во Германија на преговори за трансферот на Луис Густаво од Волфсбург, но се очекува да испратат понуда и до Лајпциг за еден од најперспективните фудбалери во Европа.

Сепак, „нероаѕурите“ ќе треба да ја победа конкуренцијата бидејќи Јирген Клоп по секоја цена сака да го донесе Кеита на „Енфилд“ и веќе спреми понуда од 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…