Дома Трансфер зона Прегледите во Рим биле закажани: Како Силва и Реал Сосиедад го изиграа Лацио

Прегледите во Рим биле закажани: Како Силва и Реал Сосиедад го изиграа Лацио

Шпанскиот фудбалер Давид Силва си замина од Манчестер Сити и како слободен играч се врати во Шпанија.

Имено, Реал Сосиедад вчера вечер потврди дека Силва е нивни играч што беше изненадување за целата фудбалска јавност. Во медиумите името на Силва воопшто не се поврзуваше со Сосиедад и на многумина не им беше јасно како дојде до овој трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познато е дека Силва имаше договор со Лацио, но тој пропаднал. Шпанецот со римскиот клуб се договорил за соработка на три години и лекарските прегледи биле закажани, но вчера следувал шок за управата на Лацио.

Имено, во Лацио се лути на Силва што на таков начин го прекршил договорот, но и на Сосиедад кој во тајност го завршил трансферот. „Марка“ пишува дека претставници на Сосиедад го контактирале Силва минатата недела и барале од него на никого да не кажува за тие разговори.

За неколку дена успеале да се договорат, а фудбалскиот свет беше во шок кога вчера на официјалната страна на шпанскиот тим се појави потврдата за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…