Искусниот голман, Виктор Валдес ова лето би можело да се врати во Шпанија, каде што ги помина златните години на својата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот голман на Барселона „Камп Ноу“ го напушти во 2014. година, каде што настапуваше за Манчестер Јунајтед, Стандард Лиеж и Мидлсброу, а од 1. јули повторно ќе биде слободен играч.
За 35-годишниот Валдес веќе пристигнаа две понуди од својата земја. Според пишувањето на шпанските медиуми, за него сериозно заинтересирани се Малага и Депортиво Ла Коруња, па враќањето во Ла Лига е повеќе од веројатно.
Валдес за Барселона бранеше од 2002. до 2014. година и во тој период запиша 535 настапи и освои 21 трофеј.
Во минатата сезона во Премиер лигата Валдес бранеше на 28 натпревари и покажа дека се уште поседува квалитет за да брани во најсилните лиги на Европа.