Напаѓачот кој во изминатата сезона беше во втор план би можел да го промени клубот, но не и градот.
Фудбалскиот клуб Вест Хем е сериозно заинтересиран во своите редови да го доведе Оливие Жиру и на адреса на „Топџиите“ ќе испрати понуда вредна 25 милиони евра. Како што потврди порталот „Goal.com“, Славен Билиќ исклучително го цени 30 годишниот напаѓач го посакува во својот тим.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Овој извор исто така тврди дека Вест Хем веќе му понудил на Французинот неделна плата од 100.000 фунти за наредните четири сезони, што исто така е одлична понуда.
Жиру во изминатата сезона само на четири натпревари беше стартер во Премие лигата и во главно седеше на клупата, но и покрај тоа постигна 12 погодоци.