Екипата на Рома денес официјално објави дека постигнале договор со Еусебио Ди Франческо кој ќе биде новиот тренер на римскиот клуб.
Ди Франческо во текот на вчерашниот ден го раскина договорот со Сасуоло, после што немаше никакви пречки да ја превземе „Волчицата“. Италијанскиот стручњак пристигна во Рим каде што разговараше со управата на Рома, а потоа беше објавено и дека е постигнат договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Среќен сум што се вратив во Рома. Мило ми е што ќе го тренирам клубот за кој некогаш настапував. Им благодарам на директорите на клубот за оваа прилика, ќе дадам се од себе да ги исполнам очекувањата“, изјави Ди Франческо.
Овој стручњак ги бранеше боите на Рома од 1997 година до 2001 и со овој клуб го освои Скудетото во 2001 година.