Дома Фудбал Лига на шампиони Сари направи шоу на прес: Такво прашање за мене е навреда

Сари направи шоу на прес: Такво прашање за мене е навреда

Фудбалерите на Јувентус синоќа испаднаа од ЛШ иако со 2:1 во реванш наптреварот на свој терен го победија Лион.

Но, Лион поради голот во гости на крајот успеа да се пласира понатаму. Ова сигурно е голем удар за Старата дама бидејќи оваа година приоритет на клубот му беше ЛШ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


На големи критики после натпреварот се најде и тренерот на Јувентус Маурицио Сари, за кој според многумина веќе денес ќе биде врачен отказ поради лошиот резултат во ЛШ.

Но, Сари после натпреварот сите ги изненади со изјавата дека е задоволен од играта на неговиот тим, па дека и очекувал од своите играчи да покажат помалку на теренот.

„Помалку очекував од ова. Одигравме одличен натпревар. Бевме во негатива после 10 минути поради пенал, но направивме пресврт, победивме и направивме шест-седум одлични шанси. Тимот вечерва го даде својот максимум и јас сум задоволен.“ – изјави Сари и додаде:

„За жал испаднавме поради првиот натпревар, односно поради првото полувреме во тој натпревар. Ова е такво натпреварување и покрај одлична игра ние испаднавме. Многу не промени паузата. Месец дена дома каде некој можеше да тренира, а некој не. Други беа во целосен карантин. Тимот вечерва даде се што можеше, но не успеа.“

Сари не го избегна прашањето и околу евентуален отказ кој може да го добие веќе денес.

„Моите зборови не е тешко да ги сфатите. Не верувам дека челниците на толку голем клуб на основа на еден натпревар ќе донесат одлука. Тие ќе ја анализираат целата сезона. Таквото прашање за мене е навреда, но не само за мене туку и за челниците на клубот. Имам договор, го почитувам и не очекувам ништо.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Завршен трансферот на еден од најдобрите бекови во Европа!

Светското клупско првенство за Ал Хилал заврши со пораз од Флуминенсе во четвртфиналето, а…