Според она што се пишува во медиумите мали се шансите да го гледаме Столе Димитриевски и следната сезона во Рајо Валјекано.
За Димитриевски голем интерес има од неколку клубови во Ла Лига и еден тим од Серија А. Во своите редовите Димитриевски сакаат да го видат неговиот поранешен клуб Гранада и Гетафе, се споменуваше и Еибар меѓутоа тие се насочиле кон други мети.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Покрај интересот од шпанските клубови се појавил и Сасуоло од Серија А. Сепак на калчолигашот му се даваат најмали шанси да го доведе македонскиот голман. Наводно фаворит е тимо на Гетафе.