Tимот на Милан одлучи да се засили на неколку позиции ова лето.
Помеѓу останатите позиции „росонерите“ ќе се засилат и на средината од теренот каде што им е неопходен централен играч за врска. Еден од кандидатите е Мексиканецот од Арсенал, Лукас Тореира.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тореира претходно играше во Италија за Пескара и Сампдорија пред летото 2018 година да пристигне во Арсенал за 29 милони евра. Тореира во последно време не игра често во Арсенал и поради тоа ја разгледува можноста да се врати во Серија А.
Милан наводно е најголем фаворит да го доведе, меѓутоа за него се распрашуваа уште Фиорентина, Торино и Атлетико Мадрид.