Италијанскиот напаѓач Андреа Белоти нема така лесно да го напушти торинскиот клуб.
Во договорот на Белоти поставена е клаузула според кој овој играч може да оди доколку некој плати за него неверојатни 100 милиони евра.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Според „La Stampi“, францускиот ПСЖ понуди 60 милиони евра за Италијанецот, но Торино ја одби таа понуда и им кажа дека за него бараат најмалку 100 милиони евра.
Белоти беше брилијантен минатата сезона во италијанската Серија А, го привлече вниманието на голем број големи клубои, но Биковите сигурно не сакаат да го изгубат за помалку од 100 милиони евра, а прашање е кој ли ќе биде подготвен да плати толкава сума за него.