Вчера вечер Манчестер Сити го потврди трансферот на младиот крилен напаѓач Феран Торес кој доаѓа од Валенсија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Торес со Сити потпиша договор на пет години и е доведен како замена за Лерој Сане кој премина во Баерн Минхен. Денес „Скај Спорт“ објави дека Сити во наредните 48 часа ќе официјализира и уште еден трансфер.
Наводно, Натан Аке за кого веќе се објави дека има договор со Сити пристигнал во Манчестер и во текот на утрешниот ден ќе ги помине медицинските прегледи после што ќе следи потврда.
Се очекува целата зделка со Аке да биде завршена најдоцна до задутре.