Дома Фудбал Останато Се враќа Лигата на Европа: Еве кој е фаворит според обложувалниците

Се враќа Лигата на Европа: Еве кој е фаворит според обложувалниците

После принудната пауза, денес продолжуваат натпреварите од второто по големина елитно фудбалско натпреварување – Лига Европа.

Останаа во игра 16 екипи, а дефинитивно на некој дуели ќе биде интересно и неизвесно до самиот крај.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според oбложувалниците најголеми шанси за титула има екипата на Манчестер Јунајтед со квота 2.75. На второто место е Интер со квота 5.50, додека третото место е резервирано за Леверкузен со квота 7.50.

Четвртото и петтото место се за Вулверхемптон и Севиља со квота 8, односно 8.50, а шестата и седмата позиција ја имаат екипите на Хетафе, Шахтјор и Рома со квота 17.00. После нив следува Базел со квота 34.00.

Коефициент во вредност од 67 е понуден за екипите на Башакшехир, Волфсбург и Олимпијакос. Квотата за титулата да ја земе Копенхаген е 101, а за Ајнтрахт Франкфурт 201. Најголеми аутсајдери се екипите на Ренџерс со квота 501, односно ЛАСК со вртоглава квота од 2501.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …