Фудбалскиот сојуз на Холандија даде зелено светло за проектот во кој фудбалерките ќе можат да играат против фудбалерите.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вакво нешто до сега секако не е видено, но Холандија сака во професионалниот фудбал да ги изедначи припадничките на понежниот пол. 19 годишната Елен Фокем ќе биде првата фудбалерка која ќе игра со мажи и ќе ги засили редовите на четвртолигашот ВВ Фораут.
Доколку проектот биде успешен се очекува за неое време и некои нејзини колешки да тргнат по ист пат. Најпрво во Холандија, а потоа можеби и во другите земји во светот.
„Ова е голем предизвик за мене и дополнително ме возбудува. Не можам да ви кажам како ќе помине, но среќна сум што учествувам во овој експеримент“, изјави младата фудбалерка.