Шпанецот е на чекор од голем трансфер.
Алваро Мората има богата понуда од Манчестер Јунајтед, потврди неговиот агент.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Бројни англиски медиуми со денови пишуваат за договорот на Манчестер Јунајтед и напаѓачот на Реал, а сега таа вест ја потврди и агентот на Мората.
„Манчестер Јунајтед е огромен клуб и е мнногу интересен проект. Можам да кажам дека понудата од Јунајтед за нас е многу посебна и сега останува на Реал. Не можам да кажам дека договорот ќе биде постигнат, но наскоро ќе видиме што ќе се случи“, изјави Хуанма Лопез.
Преостанува само клубовите да се договорат за надоместокот, бидејќи Јунајтед испрати понуда од 60 милиони, а Реал сака минимун 70, така да оваа битка најверојатно ќе се води уште некое време.
Сепак, речиси нема сомнеж дека Мората кариерата ќе ја продолжи во тимот на Мурињо, менаџерот кој со Мората се соработуваше во времето кога го предводеше „Кралскиот“ клуб.