Дома Фудбал Германија 15 годишното чудо на Борусија ќе тренира со првиот тим, си доби и свој дрес

15 годишното чудо на Борусија ќе тренира со првиот тим, си доби и свој дрес

Само прашање на време е кога младиот Јоусуфа Моукоко ќе биде прекомандуван во првиот тим на Борусија Дортмунд.

Можеби тоа ќе се случеше и во вториот дел од сезоната која неодамна заврши, но пандемијата со коронавирусот расипа многу планови, а можеби еден од нив беше и промоцијата на Моукоко во првиот тим.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


За овој 15 годишник се пишува подолго време, тој прави вистински чуда во младинските категории и има неверојатни бројки. Наскоро ќе добие прилика да покаже што знае и помеѓу сениорите. За почеток тој започна да тренира со првиот тим на „милионерите“.

Имено, официјално е потврдено дека 15 годишното чудо од дете предсезоната ќе ја помина со првиот тим, а си доби и негов дрес со број 18.

Моукоко е и младински репрезентативец на Германија и во ноември ќе наполни 16 години и останува да се види кога ќе добие шанса да дебитира за првиот тим на Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Поранешнаата фудбалска направи нов подвиг: Пливаше 1 километар, возеше точак 90 километри и трчаше 21 километар

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Диего Рибас започна ново поглаваје во свој…