Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е заинтересиран за младата ѕвезда на Милан, Рафаел Леао.
Леао минатото лето пристигна на „Сан Сиро“ за 30 милиони евра како голем талент и уште во првата сезона го покажа својот потенцијал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус сака да го донесе 21-годишниот Португалец во Торино и веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.
„Бјанконерите“ се спремни да понудат 40 милиони евра за потписот на Леоа или трампа со Бернардески.
Меѓутоа, Милан не сака да слушне за продажба на својот „бисер“ и јасно порачал дека во Леао гледа играч на кој ќе се темели нападот на тимот во наредните години.