Џанлуиџи Буфон често знаеше да каже дека ќе брани до својата 50. годишна возраст, но изгледа дека последниот пораз во финалето на ЛШ, остави многу траги врз него.
Еден од најдобрите голмани на денешницата, но и на сите времиња, Џанлуиџи Буфон, го откри денот кога ќе му рече збогум на фудбалот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Пензионирање по Русија 2018. година? Да, тоа е планот, 99,9% ќе биде така. Ќе имам уште една интензина сезона со многу важни цели. После тоа, мислам дека е дојдено времето да кажам дека беше доволно“, откри Буфон и ги растажи навивачите.
„Заедно со Андреа Ањели (претседател на Јувентус) имам договор: доколку ја освоиме ЛШ, тогаш ќе останам уште една сезона и ќе се обидеме да го освоиме ФИФА Клупското светско првенство и други трофеи“, додаде Италијанецот во разговор за Sky Sports Italia.