Тренерот Зинедин Зидан веќе почна да прави тим за следната сезона, а за некои фудаблери нема да има место во тимот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Медиумите пишуваат дека Реал Мадрид го продал Борха Мајорал за 15 милиони евра. 23-годишниот Шпанец игра одлично сезонава на позајмица во Леванте, а следната сезона ќе се пресели во Лацио.
Реал Мадрид ставил клаузула во договорот според кој може да израмни понуда на друг клуб доколку Лацио сака да го продаде во иднина.
Мајорал ја почна кариерата во младинскиот состав на „кралевите“, а во дресот на Леванте постигна девет гола на 36 меча.
Реал ова лето сака да се ослободи од уште неколку фудбалери, а први на листата се Герет Бејл, Хамес, Маријано Дијаз и Брахим Дијаз.