Францускиот првак ПСЖ од враќањето на терен ниже само повреди.
Откако во финалето на Купот на Франција останаа без Килијан Мбапе, синоќа во дуелот од Лига Купот против Лион повреда заработија уште двајца.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво се повреди Мауро Икарди. Аргентинецот играта ја напушти во 58. минута, а на клупата е видено како на коленото му ставаат ладна облога.
После Икарди се повреди и Курзава. И тој мораше да ја напушти играта, а ако повредите испадна сериозни, францускиот првак во новата сезона може да влезе значително ослабен.
Голема штета ќе претставува и доколку не настапат во четвртфиналето во ЛШ против Аталанта, каде за сега Мбапе сигурно нема да настапи.