Дома Останати Ѓоковиќ потврди учество на турнир во САД, но не е Ју-Ес Опен! (ФОТО)

Ѓоковиќ потврди учество на турнир во САД, но не е Ју-Ес Опен! (ФОТО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ по паузата ќе заигра во САД, и тоа на Мастерсот кој за него е посебен.

Ѓоковиќ засега не потврди дали ќе игра на Ју-Ес Опен, кој ќе почне на 31 август во Њујорк. Сепак, најави негово пристигнување во САД бидејќи побара да му биде доставен „специјален пакет“ со топчиња од тој гренслем.

Организаторите на Мастерсот во Синсинати објавија листа на пријавени тенисери, а на нив на прво место е српскиот тенисер.

Покрај Ѓоковиќ, на листата се наоѓаат уште Рафаел Надал, Доминик Тим, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александер Зверев, Матео Беретини, Давид Гофан, Роберто Баутиста Агут и Диего Шварцман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Кирјос одработи скратена суспензија за скандалот со допинг!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос прифати и одработи скратена суспензија од еден месец пора…