Дома Топ вести Дортмунд му постави ултиматум на Јунајтед за Санчо

Дортмунд му постави ултиматум на Јунајтед за Санчо

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо ќе биде една од најжешките теми на трансфер пазарот ова лето.

Манчестер Јунајтед веќе неколку месеци покажува голем интерес за Англичанецот, но „милионерите“ не сакаат да прават отстапки околу цената.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Вчера се појави информација дека Дортмунд одбил понуда од 98 милиони евра и за слободата на Санчо бара 120 милиони со вклучени бонуси.

Санчо и оваа сезона блескаше во дресот на „милионерите“ и постигна 20 гола и запиша 20 асистенции во сите натпреварувања.

„Црвените ѓаволи“ не се откажуваат од намерата да го донесат на „Олд Трафорд“, но сега добија ултиматум од „милионерите“.

Од Дортмунд порачаа дека 10 август е краен рок за реализација на трансферот, после тој датум нема да разгледуваат никакви понуди за Санчо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…