Дома Трансфер зона Дали конечно ќе ја освојат ЛШ? – Во Јувентус пристигнува „пеколно“ трио!

Дали конечно ќе ја освојат ЛШ? – Во Јувентус пристигнува „пеколно“ трио!

Тренерот на Јувентус е сосема скромен ктога станува збор за трансфер периодот, потребни му се само тројца фудбалери, клубот ќе доведе пет фудбалери, но и ќе му ги исполни желбите на својот тренер.

Макс Алегри беше многу јасен, во секој дел од тимот по едно засилување, веќе пристигна Шик, но се уште не е јасно дали ќе остане или Јуве ќе го испрати на позајмица, иако Шик e платен 25 милиони.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Но, планот е сосема јасен, Матиа Де Шиљо е желба на Алегри за одбраната, тој може да ги покрива и левата и десната страна од теренот.

Во средниот ред, првата цел е Н`Зонси од Севиља, договорот со играчот е постигнат, но сега треба да се пронајде заедничкот јазик со Севиља. Со овој фудбалер, Јувентус би добил цврстина на средината од теренот, тие сакаа да го доведат уште претходното лето, но од Севиља не добија „зелено светло“.

И за офанзивата, цел е Даглас Коста, со Баерн има добри односи и изгледа дека за овој трансфер нема да има пречки.

Со овие фудбалери, ќе пристигне и Шчезни како замена за Буфон, и остана уште само Кеита кој би можел да пристигне сега, или за една година како слбоден играч.

Алегри не сака да има преголем број на фудбалери, па би можеле да бидат продадени Лемина, Асамоа и Стураро.

Повеќе или помалку, истиот Јувентус, само засилен со неколку играчи ќе се обиде следната сезона повторно да ја нападне тројната круна. Потсетуваме, Алегри го продолжи договорот со клубот до 2020. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …