Примарна цел на Манчестер Јунајтед ова лето беше Џејдон Санчо, но Борусија Дортмунд бара 100 милиони евра за својата ѕвезда.
Поради тоа „црвените ѓавиоли“ мораа да разгледуваат алтернативи, а последно име на списокот е ѕвездата на Баерн Минхен, Квинсли Коман.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Атлетик“ пренесува дека Манчестер Јунајтед ќе го побара Коман на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.
Наводно, Коман сакал да се пресели на „Олд Трафорд“ каде би играл заедно со неговите сонародници Пол Погба и Ентони Марсијал.
Со доаѓањето на Сане во Баерн се очекува да се намали минутажата на Французинот, па поради тоа сака да ја промени средината.