Дома Фудбал Лига на шампиони „Жал ми е за Мбапе, не сакаме да победуваме поради несреќа на други“

„Жал ми е за Мбапе, не сакаме да победуваме поради несреќа на други“

Само пола час после почетокот на финалниот натпревар во Купот на Франција играчот на ПСЖ, Мбапе мораше да го напушти теренот поради повреда.

ПСЖ на крајот го совлада Сент Етјен со 1:0 и го освои купот, но за навивачите трофејот е помалку важен од ситуацијата со Килијан Мбапе.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За Парижаните ждребот во ЛШ не помина лошо, но евентуално отсуство на Мбапе може да биде голем проблем.

Инаку, во четвртфиналето во ЛШ, ПСЖ игра против Аталанта, а за можната повреда на Мбапе синоќа после натпреварот со Милан зборуваше и тренерот на тимот од Бергамо, Гасперини.

„Жал ми е, не знаев. Мбапе е одлично момче, се надевам дека не е сериозно.“ – изјави Гасперини по натпреварот и додаде:

„Не сакаме да победуваме поради несреќа на други. Кога ќе победите против такви играчи вашиот резултат е уште поголем.“

Се уште не е познато дали Мбапе ќе го пропушти дуелот со Аталанта, но синоќа со солзи во очите го напушти теренот, а потоа се појави и на штаки што дополнително ги загрижи навивачите на Парижаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кејн го собори рекордот на Халанд во Бундеслигата

Хари Кејн го презеде рекордот кој претходно го држеше Ерлинг Халанд, откако ги постигна си…