Барселона по рестартот на сезоната не изгледа добро на теренот, Каталонците се неубедливи па и затоа ја изгубија трката за титулата во Шпанија.
Тренерот Кике Сетиен веројатно ќе остане до крајот на сезоната во Барселона, но потоа нема да биде изненадување ако каталонскиот клуб го отпушти.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Веќе некое време се шпекулира кој би можел да го замени на клупата, а „Мундо Депортиво“ пишува дека познатиот агент Жорге Мендеш им го понудил Лоран Блан.
Меѓутоа Лоран Блан е без ангажман веќе четири години, последен клуб кој го водеше беше ПСЖ и затоа прашање е колку има шанси кај Барселона.
Во целата кариера овој стратег имаше три ангажмани: Во Бордо, репрезентацијата на Франција и ПСЖ.