Раководството на Баерн Минхен е подготвено да се раздели со играчот од средниот ред, Тиаго Алкантара, пренесува „Билд“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според изворот, минхенскиот клуб сака да добие 40 милиони евра за 29-годишниот Шпанец.
Главен главниот кандидат потписот на Алкантара е Ливерпул, но премиерлигашот не е подготвен да плати повеќе од 20 милиони евра.
Алкантара влезе во последната година од договорот и откако одби да ја продолжи соработката со Баварците јасно е дека ќе биде продаден ова лето.
Англискиот шампион поради тоа нема намера да понуди голема сума за играч кој следното лето ќе биде слободен агент, но Баерн нема да го пушти за помалку од 40 милиони евра.