Дома Фудбал Останато Едно од најголемите промашувања во историјата на клубот: Србинот го „ограбил“ Ливерпул!

Едно од најголемите промашувања во историјата на клубот: Србинот го „ограбил“ Ливерпул!

Српскиот фудбалер Лазар Марковиќ сигурно е едно од најголемите промашувања во историјата на Ливерпул.

Марковиќ член на Ливерпул беше од 2014 до 2019 година, но за тој клуб настапи само на 34 натпревари. Беше испраќан на бројни позајмици за на крајот Фулам да го откупи неговиот договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Ливерпул Ехо“ во своето истражување откри дека Марковиќ буквално го ограбил тимот од „Енфилд“ во текот на својот престој. Според нивните информации Марковиќ за пет години добил 10 милиони евра од Ливерпул.

Ако се земе во предвид неговиот број на одиграни натпревари тоа значи дека Марковиќ добивал огромни 365.000 по натпревар.

Ќе потсетиме Србинот во Ливерпул пристигна од Бенфика за 20 милиони евра. Во овој момент тој е играч на Партизан, играше уште за Хал, Спортинг, Фенербахче и Фулам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…