Дома Фудбал Англија Пресврт: Погба уште пет години на „Олд Трафорд“

Пресврт: Погба уште пет години на „Олд Трафорд“

Пол Погба иако беше на излезна врата од „Олд Трафорд“, сега е спремен да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, тврди „ЕСПН“.

Французинот во последните месеци беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид и Јувентус, но овие клубови не се спремни да ја платат отштетата која ја бара Манчестер Јунајтед.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Погба има договор до 2021 година, влегува во последната година, па неговата иднина мора да биде решена ова лето.

„Црвените ѓаволи“ во јануари го донесоа Бруно Фернандеш кој со Погба направи одличен тандем на средината од теренот. Поради тоа Французинот е спремен да потпише нов договор.

Медиумите на Островот тврдат дека Јунајтед е спремен да му понуди нов 5-годишен договор со значително зголемување на платата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италија со пресврт ја победи Албанија

Репрезентацијата на Италија потешко од очекувањата ја победи Албанија со 2:1 на стартот на…