Дома Фудбал Англија Тренерот на голманите во Јунајтед: Заминав поради Де Геа

Тренерот на голманите во Јунајтед: Заминав поради Де Геа

Емилио Алварез, поранешниот тренер на голманите на Манчестер Jунајтед, зборуваше дека е измамен од Давид де Геа.

На 16 септември 2019 година Јунајтед го продолжи договорот на Де Геа до 2023 година, меѓутоа тоа имало колатерална штета и оставила последици.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жорге Мендеш престана да биде негов агент, а Алварез даде оставка на тренерското место во Манчестер Јунајтед.

Алварез тврди дека Јунајтед не ја откажал соработката со него, туку тој самиот решил да замине поради Ге Геа.

„Не е вистина дека ме отпуштија. Всушност, откако Де Геа го продолжи договорот, добив и јас понуда. Јас бев тој кој бараше од клубот да заминам затоа што не сакам да го тренирам Де Геа. Освен што бев негов ментор во Атлетико Мадрид, бев и негово лице од доверба. Дојдов во Јунајтед благодарение на одличната работа на Жорге Мендеш и затоа што Мурињо сакаше да ме потпише за развојот и лојалноста на Де Геа во клубот затоа што во тоа време сакаше да го напушти Јунајтед“, Рече Алварез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија посвети специјална објава за маестралниот Санчо: Му должите извинување!

Борусија Дортмунд вчера оствари минимална победа во полуфиналето од Лигата на шампионите, …