Арбитражниот спортски суд (КАС) во Лозана денес ја објави одлуката на жалбата на Манчестер Сити против двегодишната забрана за учество во европски натпреварувања.
Судот донесе одлука да се укине двегодишната суспензија на англискиот клуб, па Манчестер Сити следната сезона ќе настапува во Лигата на шампиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европската фудбалска централа (УЕФА) го суспендираше Манчестер Сити во февруари, поради сериозно кршење на правилата за финансиски фер-плеј помеѓу 2012 и 2016 година, но и затоа што Сити не соработуваше со истражните органи.
„Граѓаните“ ја обжалија казната во КАС, кој денес донесе одлука да ја укине суспензијата и клубот да биде само финансиски казнет.
BREAKING: Manchester City will play in the Champions League next season after club’s two-year ban from European football overturned
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 13, 2020