Дома Фудбал Италија Неверојатната Аталанта сруши рекорд стар 68 години

Неверојатната Аталанта сруши рекорд стар 68 години

Екипата на Аталанта изедначи рекорд на италијанската лига стар 68 години бидејќи има тројца играчи кои во сезоната постигнале 15 или повеќе голови.

Аталанта која е најефикасен тим во Серија А во своите редови ги има Јосип Иличиќ и Дуван Запата кои постигнаа по 15 гола, додека Луис Муриел успеа да постигне 17 голови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Последниот тим кој имаше тројца играчи со барем 15 голови во една сезона беше Јувентус во сезоната 1951/1952. Тогаш такво остварување имаа Ермес Муцинели, Џампиеро Бониперти и Џон Хансен.

Аталанта на табелата е трета со 67 бодови, има бод помалку од Лацио и девет од лидерот Јувентус. Сезонава фудбалерите на Аталанта постигнаа 87 голови што е дури 20 повеќе од лидерот Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сите се прашуваат за кого ќе потпише Салах, неговиот агент веднаш реагираше: “Тоа значи дека…”

Салах ќе го напушти Анфилд по девет години, каде без сомнеж остави неизбришлива трага и со…