Дома Топ вести Готово е, Челзи го договори првото засилување!

Готово е, Челзи го договори првото засилување!

Англиските и француските медиуми ја потврдија оваа вест.

Играчот од средниот ред на Монако, Бакајоко, овој викенд би требало да го заврши трансферот во редовите на Челзи.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Францускиот Л’Екип потврди дека „Сините“ за трансферот на 22 годишниот играч од средината на теренот ќе платат 40 милиони евра.

Бакајоко ги договори личните услови со Челзи, а одредени медиуми пишуваат дека наскоро се очекува тој да пристигне во Лондон на медицински прегледи.

Пристигнувањето на Бакајоко би можело да значи дека за Немања Матиќ повеќе нема место во тимот на Антонио Конте. Италијанецот има намера со Канте и Бакајко да оформи вистински бедем пред одбранбената линија.

Матиќ се поврзуваше со трансфер во Јувентус, но интерес за неговите услуги покажа и Жозе Мурињо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…