Toтенхем на Мурињо во последно време не игра баш најдобро и вчера против Бурнемоут освои само бод одигрувајќи 0:0.
Спарси на четири кола пред крајот се на 10 бодови помалку од четвртопласираниот Лестер и јасно е дека наредната сезона нема да ги гледаме во Лигата на шампионите, а прашање е дали можат да стигнат до позициите кои водат во европските натпреварувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо сигурно не очекуваше ваков пад на неговиот тимп, па Португалецот мора да е несреќен поради тоа. Незадоволството го покажа во свој стил на прес-конференцијата после ремито со Бурнемоут.
Португалскиот стратег немаше трпение и штом ги ставил слушалките ја напушти салата за прес: „Здраво Жозе, дали ме слушаш“, праша еден од новинарите (поради пандемијата со Ковид-19 прес-конференциите се одржуваат оналјан).
На неговото прашање Мурињо само кратко одговори „не“ и ја напушти салата.
Или навистина стануваше збор за технички проблем или пак Мурињо пронајде начин да ги избегне новинарските критики.