Јувентус вчера на неверојатен начин изгуби од Милан на „Сан Сиро“.
Италијанскиот шампион водеше со 0:2, но потоа следуваше голем пад во нивната игра и Милан постигна три гола во пет минути, а подоцна преку Ребиќ дојдоа и до уште еден гол за конечни 4:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот тренерот Маурицио Сари даде објаснување за ваквиот пораз на неговиот тим.
„Игравме на високо ниво 60 минути, го контролиравме натпреварот, а потоа се случи помрачување. Нема никаква корист премногу да се размислува премногу за три дена не чека нов натпревар“.
„Тоа помрачување траеше 15 минути. Мораме да извлечеме позитивни работи затоа што е невозможно да се најдат причини за вакви натпревари. До 62. минута не им дозволивме ниту една шанса, но тоа помрачување им се случи на сите исто ќе беше и да ги заменев сите 11 играчи“, изјави Сари.
Јувентус и покрај овој пораз има високи седум бода предност на лидерската позиција во Серија А.