Дома Трансфер зона Гвардиола: Сакам Меси да остане во Барселона

Гвардиола: Сакам Меси да остане во Барселона

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази желба Лионел Меси да остане во Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гвардиола беше запрашан за можноста Аргентинецот да се пресели во Манчестер Сити, бидејќи многу се шпекулира со иднината на Меси во последно време.

„Нема да зборувам за трансфери до крајот на сезоната. Мојата желба е Меси да остане во Барселона“, изјави Гвардиола, кој одби да зборува за летните трансфери.

„Имаме неверојатни цели за кои се бориме. Да се обидеме да играме уште подобро, тоа е најважно. Треба да ги доиграме последните пет меча во Премиер лигата, а потоа да се претставиме добро во Лигата на шампиони“, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…