Шкодран Мустафи и Давид Луиз претходните неколку недели се на удар на критичарите после слабите игри за Арсенал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Во нивна одбрана одлучи да застане голманот на овој тим Емилијано Мартинез. Тој вели дека Мустафи и Луиз се одлични играчи и дека се чувствува многу сигурно на голот кога тие се пред него.
„Верувајте ми, Давид и Шкодран се фантастични играчи. И двајцата се долги години на врвно ниво. Кога направиш грешка против голем тим, добиваш казна и луѓето ја обвинуваат нашата одбрана за поразите. Но, јас се чувствувам безбедно кога двајцата се тука.“ – изјави 27-годишниот чувар на мрежата.
Инаку, Арсенал после 33 одиграни кола во ПЛ се наоѓа на 7. позиција со 49 освоени бода.